Пратеничко прашање на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче
Филипче до Мицкоски: Граѓаните знаат, вие сте криви за загадената вода, сиромаштијата и корупцијата
Секојдневно, сè повеќе на виделина излегуваат неспособноста, коруптивните практики и лагите со кои што владеете.
Не помага ниту силниот ПР, луѓето едноставно повеќе не веруваат, маските се паднати и веќе ова вие не можете да го сокриете.
Неколку работи.
Водата е загадена во пола држава: во Гостивар, во Валандово, во Скопје, во повеќе општини, а немате одговор на многу прашања.
Чија е одговорноста, кој правел контрола, зошто не се јавувале и пријавувале соодветно резултатите?
Водата беше загадена во болницата во Лешок, внимавајте, резултат од примерок земен од чешма во болница каде што лечат и се лекуваат пациенти.
Нема одговор за тоа какви се резултатите сега. Зошто не ги објавувате резултатите од водата во Гостивар? Зошто имате контрадикторни изјави, вие едно, министерот за здравство друго, дека наводно ќе била добра за пиење, а потоа ќе била само технички исправна водата?
Луѓето се збунети, не знаат што да прават и не знаат кому да веруваат. Не одговоривте на тоа што се случи со Лепенец и сливот во Вардар. Имено бела пена која ја замати водата на местото каде што се наоѓаат бунарите кои го дополнуваат изворот од Рашче.
Значи, загадена вода на местото каде што има бунари кои го дополнуваат изворот, од кој што пие вода цело Скопје, и нема никаква информација.
Го пуштате министерот за внатрешни работи да зборува за чистење на водата, хлорирање, хиперхлорирање – човекот нема капацитет, не знае за тоа, не му е тоа сфера на експертиза.
Внимавајте, хиперхлорирање на водата носи зголемен ризик од малигни болести. Не си играјте играчки. Дајте некој кој што знае и кој што ја разбира работата, и кој има експертиза да се занимава со тоа.
Потребно е прво да се отстранат органските соединенија, а потоа да се прави хлорирање на водата.
Паѓаат во вода приказните за стандардот. Секој ден ви е полна устата. Четврти сме биле во Европа, трети, сега сме први, ама луѓето знаат како живеат.
Тие живеат на работ на егзистенцијата. И сега Евростат го потврди тоа. Последни сме во Европа по стандардот и по примањата, најниски, на дното. Не само што сме на дното, нема изгледни политики, најави кои тоа ќе го коригираат.
Нема најави за зголемување на стандардот, нема најави за зголемување на платите. Сè порасна, сите цени се зголемија, освен платите. Тие стагнираат.
Се зголеми парното, се зголемија повторно горивата, повторно нема мерки за помош на одредени категории на граѓани, поскапе данокот на имот, сè е поскапе, но платите стагнираат.
Луѓето се на работ на егзистенцијата.
Во однос на коруптивните практики, последниот извештај на Европскиот Парламент, еден од најлошите досега во оваа смисла, покажува лошо справување со корупцијата, директно влијание на власта врз независното судство.
И вие немате никаква реакција на тоа. Напротив, продолжувате со партизација на судовите. На оваа перцепција, не кај нас, туку во Европа, кај високи европски функционери, влијае и вашиот однос. Се заканувате тука од говорница со затвори, со решетки. Верувајте, никој не ви се плаши.
Ама никој не ви се плаши. Смешни сте. Ви се смеат луѓето. Ви се смеат луѓето. Не личи тоа на ништо. Не ви доликува на функцијата што ја извршувате.
И во целиот тој контекст, и во целата таа ситуација, вчера предлагате закон со кој сакате да потрошите 20 милиони евра, заобиколувајќи ги сите системски закони во државава за јавни набавки.
Па добро, што е целта? Што е целта, што сакате да постигнете? Каква е таа европска практика? Никаква. Ваша, на оваа власт, која што се занимава само со коруптивни тендери од почетокот на владеењето.
Излезе во јавноста, не од кај нас, повторно, од Европа, од Унгарија, дека ќе се испитува унгарскиот заем. Ве предупредувавме -з ошто земате 1 милијарда евра сомнителни пари?
Излезе дека луѓето сметаат дека имаат кинеско потекло. Загрозен ли е нашиот стратешки правец на движење, на задолжување, на концепцијата на задолжување во земјава со тој кредит? И не ставивте на мапата на срамот на Европа, дека сега има сомнеж дека нашата власт ја ставила државата во некаква сомнителна зделка.
И на крајот, за лагите. Самите се демантирате. Четири години не труевте, правевте поделби, обвинувавте, ги делевте луѓето на патриоти, на предавници, велевте дека протоколите се дел од преговарачката рамка, дека ние не преговараме со Европа, сме преговарале со Бугарија, и загрозен е јазикот, идентитетот и така натаму.
За да пред некој ден да признаете, и вие и министерот за надворешни работи, дека сето тоа што сте го зборувале не било вистина. Па зарем сега не се потврдуваат нашите тези и тоа што ние го зборуваме?
Дека намерно не сакате во Европа? Дека намерно го блокиравте европскиот пат?
Како сега ќе им објасните на луѓето во Европа, кои што знаат дека не ја кажувате вистината, кај кои што го срушивте кредибилитетот на државата, дека вие ова не го правите намерно?
Нема повеќе оправдување. Намерно е блокиран патот, четири години, од кои две вие сте на власт сега, актуелно.
Моето прашање е следно: Кој е премиере крив за овие работи? Јас знам, вие ќе кажете, Венко е крив, СДСМ е крива за сè ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи. Но сакам тоа да го слушнам од вас. Кој е премиере крив за сите овие работи во државата?
Линк до видео: https://youtu.be/Ot8biTfUJno?si=r3ts_8SGSo3bXvIY
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
