Четири лица, меѓу кои и градоначалникот и неговиот заменик беа уапсени за пожарот на грчкиот остров Парос, што во вторникот избувна во депонија и брзо се прошири на голема површина, а беше изгаснат по повеќе од 24 часа, јави дописничката на МИА од Атина.
Државната телевизија ЕРТ објави фотографија од просторот каде што е депонијата, на која се гледа куп отпад, а пожарот оттаму се прошири на соседна површина со ниска вегетација.
Во рамките на истрагата за причините и околностите под кои избувна пожарот спроведена од Одделот за истражување на кривични дела поврзани со подметнување пожари беа уапсени четири лица, изречена им е административна парична казна во вкупен износ од 8.437,50 евра, а во текот на денешниот ден се очекува да бидат изведени пред јавен обвинител.
Освен градоначалникот и неговиот заменик, кој е надлежен за комунална хигиена на островот, уапсени се и изведувачот на работите на претпријатието за управување со отпад, како и општински службеник, возач на камион за собирање отпад.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
