Background

Посетителите на еден од најпознатите забавни паркови во Италија – Гардаленд во близина на Верона, вчера беа сведоци на драматични сцени, откако избувна пожар под еден од ролеркостерите

Посетителите на еден од најпознатите забавни паркови во Италија – Гардаленд во близина на Верона, вчера беа сведоци на драматични сцени, откако избувна пожар под еден од ролеркостерите.

Гардаленд, кој секоја година го посетуваат голем број туристи со своите семејства, често се споредува со Дизниленд поради бројот на атракции и тематски зони.

Инцидентот се случил околу 14 часот, во тематската зона „Див Запад“, каде се наоѓа ролеркостерот Раптор. На социјалните мрежи веднаш почнале да се шират снимки од моментот кога посетителите забележале густ чад и пламен во близина на ролеркостерот.

- Advertisement -
Ad image

Според информациите од италијанските медиуми, се запалила дрвена конструкција која се наоѓа под шините на тобоганот, по што огнот брзо се проширил.

Посетителите кои се нашле во близина реагирале различно – дел од нив веднаш се оддалечиле од местото поради страв, додека други останале и ги снимале драматичните моменти со своите телефони.

За среќа, вработените во паркот брзо интервенирале, а набргу пристигнале и противпожарни екипи кои успеале да го стават пожарот под контрола и целосно да го изгаснат по околу еден час.

Надлежните служби соопштиле дека нема повредени лица и дека ниту еден посетител не претрпел последици од инцидентот. И покрај пожарот, останатиот дел од забавниот парк продолжил да работи нормално, а посетителите можеле да ги користат другите атракции.

Причината за избувнувањето на огнот сè уште не е позната. Во тек е истрага која треба да покаже како дошло до палењето на дрвената конструкција и дали станува збор за технички проблем или за друга причина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation