Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време, со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до околу 18 степени, а дневната ќе достигне до 35 степени.
Според УХМР, под влијание на топол бран, и во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време. Највисоки температури се очекуваат во првата декада од август, кога во одделни делови од земјата максималната дневна температура локално ќе достигне и до 40 степени.
Tagged as:
македонија Температурите ќе се искачат до 40 степени топол бран
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
