Словенецот Мирослав Пачник, кој во декември минатата година ја отсекол главата од бронзениот споменик на Јосип Броз Тито во Велење, Словенија, а потоа ја возел во багажникот на автомобил, е обвинет пред Окружниот суд во Целје. Тој се соочува со казна затвор до 5 години, како и парична казна од најмалку 11.254 евра.
Окружното државно обвинителство во Целје го товари за кривично дело Оштетување или уништување предмети од посебно културно значење или природни вредности, согласно член 219 од Кривичниот законик на Словенија.
Покрај затворската казна, Обвинителството бара и парична казна за предизвиканата штета.
Пачник објави на Фејсбук дека го примил обвинението, велејќи дека целата постапка е иронична. Во таа прилика, тој ги повтори своите претходни ставови за Јосип Броз Тито, тврдејќи дека поранешниот југословенски претседател ја задушувал словенечката култура и дека е одговорен за смртта на бројни словенечки културни работници.
Кратко по вандализмот во декември, полицијата го идентификуваше и го пронајде Пачник благодарение на дојава од граѓанин кој видел што се случило. За време на претресот на неговиот автомобил, отсечената глава на споменикот била пронајдена во багажникот.
На почетокот на оваа година, Градот Велење, исто така, поднесе кривична пријава против Пачник и, како дел од постапката, побара отштета од нешто повеќе од 11.200 евра за направената штета на споменикот, висок 6 метри.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
