Ирак од април досега извезе 2,1 милиони тони нафта по копнен пат преку Сирија, а оттаму преку Медитеранот кон Европа, поради блокадата на морскиот пат преку Ормускиот Теснец.
Ахмед Кубаџи, заменик-претседател на сириската државна нафтена компанија, ги откри овие детали во интервју објавено денеска.
Тој рече дека бројот на цистерни се зголемил од првичните 10 на 1.000 дневно, а извозот се состои од тешко гориво (мазут).
Поради повремената блокада на морската рута, земјите со излез на Персискиот Залив со месеци се обидуваат да најдат алтернативни начини за пласман на нафтата и нафтените деривати на светскиот пазар. Неколку стари и нови нафтоводи од регионот кон Црвеното Море и Медитеранот се или во функција или во фаза на планирање.
Ирак е силно зависен од трговијата со нафта. Во нормални околности, извозот чини повеќе од 90 проценти од државните приходи. Заедно со Турција, низ која минуваат нафтоводите, Сирија стана важен транзитен центар.
Копнената рута од Ирак преку соседна Сирија е поскапа и логистички покомплицирана од морската – а воедно и опасна поради можни напади и заседа врз возачите.
– Сирија е клучен транзитен коридор за испорака на енергенси од заливските земји и Ирак кон меѓународните пазари. Не сакаме да ја оспориме улогата на никого. Напротив, се обидуваме да ја вратиме природната улога на Сирија – рече Кубаџи.
Во Сирија 13 години беснееше граѓанска војна, која заврши со соборувањето на долгогодишниот владетел Башар ал-Асад во декември 2024 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
