Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против В.К. (41) од Струмица, поради основано сомнение дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „тешки дела против општата сигурност“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот на 25 јули 2026 година, околу 22 часот, и на 26 јули 2026 година, околу 1 часот по полноќ, во Струмица подметнал пожари на трактор во сопственост на Ж.Д. (70) од Струмица и на патничко возило „Киа“, сопственост на К.Т. од Струмица.
На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Струмица, која ги изгаснала двата пожара. Во инцидентите нема повредени лица, но причинета е материјална штета.
По преземените мерки, В.К. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Струмица. За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
Осомничениот бил изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Струмица, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
Tagged as:
Струмичанец доби кривична пријава за подметнување пожари на две возила
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
