Background

Главниот осомничен за синоќешниот терористички напад на Берлинската парада на гордоста е застрелан денеска за време на полициска операција

Главниот осомничен за синоќешниот терористички напад на Берлинската парада на гордоста е застрелан денеска за време на полициска операција. Мажот бил застрелан од полицијата, а подоцна починал од повредите, јави ДПА.

За време на нападот во саботата навечер, една жена беше усмртена, а 29 лица беа повредени, некои сериозно, кога напаѓачот со комбе влета во толпата на Берлинската парада на гордоста во паркот Тиергартен.

Како што информира германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт, по нападот со комбе следел напад со оружје, за кое се верува дека е мачета, по што напаѓачот избегал.

- Advertisement -
Ad image

Според полицијата, ниту еден од повредените не е во животнозагрозувачка состојба.

„Билд“ и „Ди Велт“ објавија дека напаѓачот е Абдул Балут, 21-годишен маж роден во Берлин, кој има германско државјанство и либанско потекло. Тој неодамна бил осуден за подготовка на сериозно кривично дело против државната безбедност. Неговото семејство е по потекло од Либан, а неговата мајка добила германско државјанство во 2002 година

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation