Индискиот министер за образование, Дармендра Прадан попушти пред јавниот притисок од студентското Движење на лебарките и поднесе оставка.
„Имам големо почитување за легитимните очекувања на младите во оваа земја“, напиша Прадан на социјалната мрежа икс, додавајќи дека ја поднел својата оставка до премиерот Нарендра Моди.
Оставката на министерот беше клучно барање на Партијата на лебарките (CJP) и нејзините млади поддржувачи, кои веруваат дека министерот треба да преземе политичка одговорност за скандалот со протекување на документи за приемен испит на универзитет.
На неодамнешните протести во индискиот главен град, Њу Делхи, имаше насилни судири меѓу поддржувачите на CJP и полицијата, а повеќе луѓе беа повредени.
Движењето на лебарките беше основано во мај, откако Врховниот суд ги нарече невработените млади лебарки. Опишано е како „сатирично политичко движење“ и ги организира своите активности главно преку интернет.
Набљудувачите велат дека протестното движење се претвори во голем предизвик за владата, која понуди разговори со своите претставници.
Младите демонстранти по оставката се согласија да ги прекинат протестите.
Сутдентите бараа финансиска компензација и одговорност за животите на младите луѓе кои извршија самоубиства под притисокот предизвикан од откажувањето и повторувањето на приемните испити.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
