Background

Русија ракетираше изложба на оружје

Најмалку десет луѓе загинаа, а над 100 се повредени во рускиот напад со балистичка ракета врз изложба на оружје во близина на Киев.

Сирените за воздушен напад се вклучиле по 11 часот по локално време, откако украинските воздухопловни сили објавиле дека руски ракети летаат кон Киев. Неколку минути подоцна, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко објави дека се слушаат експлозии во главниот град на Украина.

„Во Киевската област во тек е спасувачка операција по рускиот ракетен напад. Досега, пријавени се десетици повредени лица. Исто така, потврдено е дека, трагично, 6 лица се убиени. Моето сочувство до нивните семејства и најблиските. Напорите за точно утврдување што се случило и судбината на погодените се во тек. Сите потребни служби за итни случаи се на местото на настанот“, напиша украинскиот претседател Володомир Зеленски на Икс.

- Advertisement -
Ad image

Имаше жртви и во Славјанск, 5 лица беа убиени, а 9 поврдени, додаде Зеленски.

„Ова се брутални напади врз цивили и Русите мора да одговараат за нив. Русија одамна се откажа од какво било почитување на меѓународните норми и на човечките вредности. Нивниот единствен интерес е да продолжат со убивањето. Важно е нашите партнери целосно да разберат дека заштитата на животите зависи и од нив. Пресретнувачите за системите Патриот се приоритет број еден“, објави Зеленски.

 

 

Советникот на претседателот, Сергеј Бескрестнов, изјави дека изложбата на оружје се одржала на полигон за обука во близина на Киев, по должината на автопатот Житомир.

Главниот државен обвинител Руслан Кравченко потврди се спроведува истрага за кривична постапка за кршење на законите и обичаите на војување. Покрената е и кривична постапка поради евентуално небрежно извршување на службените должности за време на организирањето и одржувањето на настанот, што довело до смртни случаи и други сериозни последици.

– Војната не ослободува никого од одговорност за одлуките на раководството. Напротив, таа бара највисоко ниво на професионализам, претпазливост и одговорност на секој чекор. Истрагата ќе утврди кој ја донел одлуката за одржување на настанот, кој ја одобрил неговата локација, време и формат, какви безбедносни мерки биле обезбедени и дали ризиците биле правилно оценети во услови на војна – соопшти обвинителот.

Украинскиот совет за одбранбена индустрија објави на социјалните мрежи дека „се случил непријателски ракетен напад во регионот на Киев на локација каде што биле присутни претставници на украинската одбранбена индустрија.“

„Изразуваме искрено сочувство до семејствата и роднините на загинатите и им посакуваме брзо закрепнување на повредените. Ги повикуваме сите да се воздржат од објавување фотографии или видеа од местото на настанот, податоци за геолокација, информации за жртвите, вклучените компании или какви било други детали што би можеле да ја загрозат безбедноста на луѓето, работата на одбранбените сили или текот на истрагата“, соопшти советот и додаде дека тој не е организатор на настанот.

На украинските социјални мрежи се појавија прашања за безбедносните мерки поврзани со организацијата на изложбата. Беа споделени фотографии од флаери што ја рекламираа изложбата, како и покани со линкови за регистрација, преку кои претплатниците потенцијално би можеле да добијат информации за локацијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation