Background

Дали славната актерка почнува ново поглавје по разводот од Кит Урбан?

Никол Кидман деновиве престојува во живописното Портофино, а фотографиите од нејзиниот одмор на италијанската ривиера станаа тема на бројни медиуми и социјални мрежи.

Оскаровката беше фотографирана на тераса од луксузен хотел во друштво на американскиот бизнисмен Мајкл Рајнштајн. Облечена во елегантен свилен комплет во шампањ нијанса, Кидман изгледаше опуштено додека разговараше со својот соговорник, кој со неа на балконот.

Фотографиите, направени во романтичниот амбиент на Портофино, поттикнаа бројни шпекулации за природата на нивниот однос. Сепак, засега нема официјални информации дека меѓу нив постои романтична врска.

- Advertisement -
Ad image

Инаку, Рајнштајн е успешен американски бизнисмен. Тој е основач, претседател и извршен директор на инвестициската компанија „Regent“, со седиште во Беверли Хилс.

Во текот на кариерата работел и во агенцијата за таленти ICM Partners, а има и диплома по право. Неговата деловна империја опфаќа компании од областа на модата, медиумите, малопродажбата и индустријата.

Освен во бизнисот, Рајнштајн е активен и во хуманитарниот сектор преку организација која им оддава признание на американските воени ветерани и припадници на вооружените сили.

Додека статусот на врската на Кидман и Рајнштајн останува непотврден, ќе се потсетиме и дека во февруари се раширија гласини дека актерката се забавува со Пол Салем, претседател на одборот на MGM Resorts International.

Сепак, според извор на списанието OK!, Кидман е официјално слободна и среќна и фокусирана на своите деца и семејството.

На одморот во Италија на Кидман ѝ се придружија и нејзината сестра, Антонија, и нивните деца, а најстарата ќерка на Никол, Сандеј Роуз, сподели фотографија од себе и братучетка ѝ Сибела Хоули како се одмараат во Портофино.

Неколку дена пред Кидман да биде видена со нејзиниот мистериозен маж, таа беше забележана на луксузна јахта со Антонија, која го славеше 55-тиот роденден.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation