Осумнаесетгодишен возач-почетник е уапсен откако на автопатот Скопје–Тетово бил фатен како управува автомобил со брзина од дури 211 километри на час.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се случил денеска во 16:21 часот, кај клучката Кондово, каде полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи извршиле контрола со радар.
Според МВР, зад воланот на патнички автомобил „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски таблички бил И.А. (18), кој како возач-почетник управувал со брзина далеку над законски дозволените 100 километри на час на автопат.
„При сообраќајна контрола извршена со радар било констатирано дека И.А. (18), како возач-почетник, управувал со брзина од 211 километри на час, што е повеќе од двојно над максимално дозволената брзина за возач-почетник на автопат“, соопштија од МВР.
Возачот веднаш бил лишен од слобода, а полицијата привремено му го одзела и возилото.
Од МВР најавуваат дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Tagged as:
полицијата му го одзеде и автомобилот Уапсен 18-годишник на автопатот Скопје–Тетово
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
