Background

Чешкиот премиер бара Белград да влезе во ЕУ и Шенген

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска во Белград ја повтори поддршката за членството на Србија во Европската Унија, но и за нејзино приклучување кон Шенген-зоната, оценувајќи дека Србија и другите земји кои не се дел од Шенген, според него, поефикасно ја штитат надворешната граница на Унијата од илегалната миграција отколку некои земји членки.

Бабиш, кој ја предводи чешката државна делегација во дводневна посета на Белград, на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека Европската Унија треба да вложи напори Србија и останатите земји од Западен Балкан да станат дел од „европското семејство“, бидејќи процесот на проширување трае со децении.

– За жал, на ниво на Европската Унија не сме во состојба да кажеме зошто не ги сакаме овие земји. Србија ја има нашата поддршка, а тоа е особено важно за Европа, особено во време кога наместо за мир постојано се зборува за војна – изјави Бабиш.

- Advertisement -
Ad image

Српскиот претседател Александар Вучиќ му се заблагодари на Бабиш за поддршката од Чешка за европскиот пат на Србија, нагласувајќи ја важноста од приклучувањето кон единствениот европски пазар, како и од отворените граници во регионот и кон земјите членки на Унијата.

Бабиш потсети дека Србија за време на пандемијата со Ковид-19 на Чешка ѝ донирала 100.000 вакцини, во период кога неговата земја, како што рече, „се борела за вакцини во рамките на ЕУ“.

„Таквите гестови не се забораваат“, порача чешкиот премиер.

Тој изјави дека е „воодушевен“ од работењето на чешките компании во Србија и од трговската размена меѓу двете земји, која достигнала 2,4 милијарди евра.

Во текот на денот Србија и Чешка ќе одржат и бизнис-форум на кој ќе учествуваат околу сто компании.

Вучиќ најави дека стопанствениците ќе ги претстават можностите за понатамошна соработка меѓу Србија и Чешка и се заблагодари за одлуката на чешката Влада да учествува на специјализираната изложба „ЕКСПО 2027“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation