Background

Државната компанија за производство на струја АД ЕСМ минатата недела објави оглас за спроведување на јавна набавка за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во Брод-Гнеотино, РЕК Битола

Државната компанија за производство на струја АД ЕСМ минатата недела објави оглас за спроведување на јавна набавка за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во Брод-Гнеотино, РЕК Битола.

Според официјалните податоци од Бирото за јавни набавки, станува збор за тендер за склучување на т.н. рамковна спогодба со времетраење од една година, чија проценета вредност изнесува 930 милиони денари или над 15,1 милиони евра, колку што всушност изнесува максималната сума до која ќе може да се склучуваат посебни договори со избраниот економски оператор..

Притоа, се предвидува изборот на компанија да се изврши по пат на електронска аукција, како основен критериум за избор е наведена најниската цена, додека се предвидува гаранција за квалитетно извршување на работите во износ од 5 отсто од износот на дооговорот.

- Advertisement -
Ad image

Што се однесува до делот на економската и финансиската состојба на економскиот оператор, со тендерската документација, покрај останатото, се бара минималниот годишен приход на заинтересираните понудувачи, за да ја минат фазата на евалуација, да не биде помал од 350.000.000 денари во последните 3 години, односно во 2025, 2024 и 2023 година.

Во делот на техничка или професионална способност на економскиот оператор, пак, се бара понудувачот да има извршено најмалку една услуга за ископани количини на јаглен или земјени маси во последните 3 години, сметано од денот на јавното отворање па наназад, а тоа да се докаже со листа на главни испораки на стоки или извршени услуги со вредности, датуми, купувачи.

ЕСМ лани склучи едногодишен договор со охридската компанија „Топлина“ за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола во вредност од 24 милиони евра, откако неколку месеци претходно двете страни склучија договор по пат на преговори од над еден милион евра, бидејќи беше раскинат претходниот договор со „Марковски Компани“ поради поднесени кривични пријави.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation