Што се случува со Пошти на Северна Македонија. Веќе втора недела АД Пошти на Северна Македонија, во државна сопственост, е ставена вон функција. Граѓаните мака мачат да испратат писма, препорачани пратки и останато, едноставно сè е станато како некоја невозможна мисија.
Граѓаните, од вработените во филијалите или во централните пошти во градовите, добиваат еден ист одговор, не ни работи системот, видете со приватни курири. Ваквиот одговор е крајно срамотен и понижувачки, ако се знае фактот дека Пошти на Северна Македонија располага со најатрактивен имот низ сите градови во Македонија, на најударни централни места, кој е проценет на над 2 милијарди евра.
Од друга страна, се трупаат директори и вработени по партиска линија, а ниту поштата, ниту системот се функционални. И веб страната е вон функција.
Зошто владата молчи, или можеби се спрема тивка приватизација?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
