Одлука за спроведување стратегиска оцена за планскиот документ за изменување и дополнување на ГУП за УЗ 10 УБ 10.1 и ДУП за УЗ 10 УБ 10.1 – опфат 1 во обединета постапка – Охрид
Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11,123/12,93/13,42/14,44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид, на ден 23.07.2026 година, донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ за Изменување и дополнување на ГУП за УЗ10 УБ10.1 и ДУП за УЗ10 УБ 10.1 – опфат 1 во обединета постапка – Охрид, Oпштина Охрид, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање, е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ за Изменување и дополнување на ГУП за УЗ10 УБ10.1 и ДУП за УЗ10 УБ 10.1 – опфат 1 во обединета постапка – Охрид, Oпштина Охрид , се определуваат следните: Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
- За планскиот документ за Изменување и дополнување на ГУП за УЗ10 УБ10.1 и ДУП за УЗ10 УБ 10.1 – опфат 1 во обединета постапка Oпштина Охрид, кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат (вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство и пејсаж).
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса:www.ohrid.gov.mk
- Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГУП ЗА УЗ10 УБ10.1 И ДУП ЗА УЗ10 УБ 10.1 – ОПФАТ 1 ВО ОБЕДИНЕТА ПОСТАПКА – ОХРИД, OПШТИНА ОХРИД