За две години исплатени се субвенции над 15 милијарди денари кон земјоделците, зголемено е производството и намален е дефицитот кај увозот и извозот на земјоделски производи – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тоа, како што рече, се постигнатите резултати во изминатите две години по, нагласи, катаклизмата што ја наследивме од владата на СДСМ и ДУИ, а на која сега се приклучи и политичката партија Левица.
– Јас ги слушам од опозицијата, особено од коалицијата СДСМ, ДУИ и Левицата, овие претходниве беа во влада седум години. Ќе ве потсетам, како да заборавивме каква катаклизма се остави – неисплатени три плати во АД „Водостопанство“, кои сега се исплаќаат месец за месец. Акумулациите беа претворени буквално во мучуришта, вклучително и тука во Кавадарци, Тиквешкото Езеро. Конкретно, среќа беше лозарите да добијат вода за наводнување на посевите. Сега, гледате, со домаќинско работење тоа веќе не е проблем, тоа е, како да кажам, нормална работа, но кога ќе се спореди со состојбата тогаш, беше проблем. Неколку плати неисплатени во „Национални шуми“ и долгови кон земјоделците по основа на директни плаќања од 2020/2021. Сега веќе ги завршуваме, со ребалансот ќе се доисплатат и за полeделците и за млекарите од 2025 и веќе е почнат и циклусот на пријавување за субвенции, за директни плаќања во 2026 година – изјави Мицкоски.
Тој во коментар на обвинувањата од опозицијата за состојбите во земјоделството, оцени дека опозициските парти ќе ја продолжат таквата политика и понатаму и ќе се трудат да ја отежнат работата на Владата.
Ние, потенцира, имаме своја цел, имаме фокус, имаме приоритети и врз основа на тоа ќе ги водиме нашите политики.
-На крајот на краиштата, граѓаните ќе гласаат на избори и многу ќе биде јасен изборот. Од едната страна ќе биде коалицијата СДСМ, ДУИ и Левицата, од другата ќе биде коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните ќе одлучуваат кому ќе му го дадат својот глас. Ако нормално одлучат да го дадат за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, реформите и проектите ќе продолжат. Ако одлучат да го дадат гласот за коалицијата ДУИ, СДСМ и Левицата, ќе имате работа со луѓе што се нихилисти, повторно ќе гледате фудбалчиња во канцеларии, ќе гледате како марихуаната станува исплатлив бизнис во државата, шверц, криминалците повторно ќе се вратат на улиците, ќе ги ослободат од затворите. Тоа е разликата меѓу едната и другата влада. Националните предавства, ќе се потпишуваат договори за сè и сешто. Ова што ние како Влада го нудиме е одбрана на достоинството, на интересите, на приоритетите. Тоа се концептите што ги нуди коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во која се политичките партии СДСМ, ДУИ и Левицата. Тоа е разликата – изјави Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на реконструиран базен во Кавадарци.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
