Background

Оливија Вајлд отворено проговори за периодот од својот живот и драмата која беше проследена со огромно медиумско внимание, која го обележа нејзиниот интимен однос со британскиот пејач Хари Стајлс

. Како што истакна, целата драма не ги повредила само нив двајца, туку му наштетила и на филмот Don’t Worry Darling („Не грижи се, драга“), во кој заедно работеа.

Актерката и режисерка гостуваше во подкастот The Louis Theroux Podcast, каде што зборуваше за својот режисерски проект и за настаните зад сцената. Најголемо внимание во јавноста тогаш привлече нејзината врска со Хари Стајлс, кој е десет години помлад од неа.

Нивната романса беше постојано под будното око на медиумите, а по раскинувањето следуваа бројни шпекулации и сензационалистички написи. Вајлд претходно дел од тие приказни ги нарече „кликбејт“, вклучувајќи ги и гласините дека на Стајлс му исплатила трипати поголем хонорар од оној на неговата колешка Флоренс Пју.

- Advertisement -
Ad image

Главната машка улога во психолошкиот трилер Don’t Worry Darling првично требало да ја игра Шаја Лабаф. Сепак, тој бил отстранет од проектот во летото 2020 година, а улогата потоа му припаднала на Хари Стајлс.

Водителот Луис Теру ја праша Вајлд дали во извештаите за драмата околу филмот и нејзината врска имало и мизогина димензија.

– О, да – одговори актерката без двоумење.

Таа смета дека драмата што се развила околу неа и нејзините колеги сериозно му наштетила на филмот, бидејќи јавноста речиси и да не зборувала за пораката што филмот сакал да ја пренесе.

– Не успеавме да водиме разговори за тоа што навистина се обидуваше да каже филмот. А тоа е штета, затоа што толку многу луѓе работеа напорно на него во текот на пандемијата – рече Вајлд.

Актерката призна дека целата ситуација многу лично ја погодила бидејќи дотогаш била прилично наивна во однос на начинот на кој функционира интернетот.

– Ме повреди, секако. До тој момент бев многу наивна за таа машина, за тоа каква депонија од време на време може да биде интернетот – вели таа.

Денес, од поголема временска дистанца, гледа поинаку на целиот период.

– Сега имам доволно перспектива за да го доживеам како фасцинантен период. Интересно е кога одвнатре ќе го набљудувате тоа торнадо – рече Вајлд.

Според неа, јавноста најчесто добивала само сензационални наслови без поширок контекст, па луѓето сами ги пополнувале празнините и извлекувале заклучоци.

Оливија и Хари се зближија за време на снимањето на Don’t Worry Darling, а нивната врска стана една од најследените во шоу-бизнисот. Романсата заврши во ноември 2022 година, два месеци по премиерата на филмот. Тогаш за медиумите кратко изјавија дека „направиле пауза по две години врска“.

Во една епизода од подкастот Call Her Daddy, Вајлд повторно се наврати на тој период.

– Луѓето беа навистина бесни – се присети таа, додавајќи дека дел од реакциите произлегувале од силната емоционална поврзаност што многу обожаватели ја имаат со Хари Стајлс.

– Тоа е тежок товар. Не е нешто на кое му завидувам. Тој го носи со големо достоинство. Тоа е огромна одговорност што ја носат големите ѕвезди, а понекогаш е едноставно невозможна – рече актерката.

Пред врската со Хари Стајлс, Оливија Вајлд беше во брак со италијанскиот режисер и музичар Тео Русполи, а подоцна долги години беше во врска со актерот Џејсон Судеикис, со кого има две деца. По раскинувањето со Стајлс, накратко беше во врска и со актерот Дејн ДиЛиегро.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation