Иран се заканува дека ќе го спречи извозот на нафта од други земји во регионот ако не може да ја извезе својата нафта поради војната со САД.
„Оваа војна не остава среден пат, таа е сè или ништо. Во овој регион, ако ние не можеме да ја продадеме нашата нафта, тогаш никој друг нема да може. Нашата безбедност е предуслов за целата регионална инфраструктура, без неа, ништо не останува безбедно“, напиша претседателот на иранскиот Парламент и главен преговарач со САД, Мохамад Багер Галибаф, на Икс.
Во врска со Ормускиот Теснец, кој е клучна за глобалната трговија со нафта, Галибаф рече дека безбедноста на морезуот зависи од отсуството на американски сили.
Иран постојано изјавува дека ситуацијата таму нема да се врати во состојбата во која беше пред војната.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе уништуваат мост или електрана во Иран секој пат кога Исламската Република ќе отвори оган кон брод во Ормускиот Теснец.
Конфликтот меѓу САД и Иран повторно ескалираше на почетокот на јули околу контролата врз протокот, откако Иран нападна бродови. САД 12 ноќи по ред напаѓаат цели во Иран.
САД, исто така, повторно воведоа поморска блокада против бродовите што пловат кон или од иранските пристаништа. Откако блокадата беше повторно воспоставена на почетокот на минатата недела, американските сили пренасочија 9 бродови и онеспособија еден брод.
Иран бара од бродовите да следат рута по должината на неговиот брег и постојано изјавува дека низ Ормус е безбедна само рутата што ја одреди Техеран.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
