Background

Даниел Сиад, агент за ангажирање модели и наводен посредник при обезбедувањето жени за американскиот сексуален престапник Џефри Епстин, во понеделникот вечерта бил пронајден мртов во неговиот дом во близина на Париз

Даниел Сиад, агент за ангажирање модели и наводен посредник при обезбедувањето жени за американскиот сексуален престапник Џефри Епстин, во понеделникот вечерта бил пронајден мртов во неговиот дом во близина на Париз.

„Вечерта во понеделникот беше отворена истрага за утврдување на причините за смртта по откривањето на неговото тело во куќата во Коломб, западно предградие на Париз“, соопшти француското обвинителство.

Против Сиад биле поднесени неколку пријави, меѓу кои и за силување. Во Париз против него се водела истрага што била доверена на специјализирана служба за борба против трговија со луѓе. Тој ги отфрлаше сите обвинувања.

- Advertisement -
Ad image

Името на Сиад се споменува повеќе од две илјади пати во објавените документи на американското Министерство за правда поврзани со случајот „Епстин“.

Според француските медиуми, најмалку пет жени го обвиниле 69-годишниот Сиад за силување и трговија со луѓе. Неговата адвокатка, одговарајќи на прашање на агенциите, изјавила дека против нејзиниот клиент никогаш не биле подигнати официјални обвиненија.
Во Франција против осомничени лица формална истрага се отвора по претходна проверка, во рамки на која обвинителите и судиите проценуваат дали постојат доволно податоци за сторено кривично дело.

Сиад претходно оваа година во интервју за француската телевизија „Бе-Еф-Ем“ изјави дека неговиот однос со Епстин бил „строго професионален“.

„Даниел Сиад никогаш не престана да ја брани својата невиност“, изјавила неговата адвокатка Мејна Араб-Тигрин, додавајќи дека тој починал од срцев удар.

Сиад е второто лице во Франција за кое јавно е познато дека било поврзано со Епстин, а потоа починало. Во 2020 година француските власти го уапсија Жан-Лук Брунел, сопственик на агенција за модели, за кого се тврдеше дека регрутирал жени за Епстин. Брунел беше пронајден обесен во затворската ќелија во 2022 година, по 14 месеци поминати во притвор, додека чекаше судење по обвиненија за силување на малолетни лица и сексуално вознемирување. Тој ги отфрлаше обвиненијата.

Епстин се самоуби во затвор во Њујорк во август 2019 година, еден месец откако беше обвинет за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation