Израел започна со копање ровови околу високобезбедносното крило на затворот Кециот во јужниот дел на земјата, каде што се притворени припадници на Хамас, а според израелскиот весник „Једиот Ахронот“, тие се наменети за сместување крокодили.
Според весникот, рововите ќе бидат долги околу 170 метри и се копаат во рамките на затворскиот комплекс.
Претставник на Регионалниот совет Рамат Негев, на чија територија се наоѓа затворот, изјавил дека рововите се наоѓаат околу едно од специјалните крила и не се видливи однадвор.
– Никој не знае дали таму навистина ќе има крокодили, но подготовките се во тек – изјавил неименуваниот претставник.
Според „Једиот Ахронот“, и израелското Министерство за национална безбедност потврдило дека започнале работите на каналите што се предвидени за овој проект.
Проектот следува откако министерката за заштита на животната средина Идит Силман минатата недела одлучила нилскиот крокодил да биде прекласифициран како „припитомено диво животно“, и покрај противењето на стручните служби во нејзиното министерство.
Кабинетот на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир соопштил дека одлуката „го отворила патот за проектот“ и дека пилот-фазата официјално започнала во едно од крилата на затворот Кециот.
– Секој што мислеше дека ова е само трик, се излажал – вели изворот.
Според весникот, Израелската затворска служба изготвила план за згрижување, надзор и сместување на крокодилите, а затворските службеници поминале специјална обука за постапување со нив. За проектот биле издвоени 21 милион шекели, односно околу 6,3 милиони американски долари.
Израел од 8 октомври 2023 година уапси стотици Палестинци, тврдејќи дека припаѓаат на единицата Нухба, дел од военото крило на Хамас, и планира да им суди пред специјални судови.
Бен-Гвир и претходно објавуваше видеоснимки од специјалното крило во Кециот, прикажувајќи ги строгите услови во кои се држат затворениците.
Израелската управа за природа и национални паркови, според весникот, одржала итен состанок за можната употреба на крокодили во затворите, при што сите присутни се изјасниле против ваквиот предлог.
Кециот, кој се наоѓа во пустината Негев, е најголемиот затвор во Израел и има посебни одделенија за палестински затвореници означени како безбедносни. Долги години се користи за притворање лица од Појасот Газа и од Западниот Брег.
Според палестинските организации за затвореници, бројот на Палестинците во израелските затвори од почетокот на воената офанзива во Газа е зголемен за 83 проценти – од околу 5.250 на повеќе од 9.600 лица.
Tagged as:
КРОКОДИЛИ ЌЕ ГИ ЧУВААТ ПРИПАДНИЦИТЕ НА ХАМАС
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
