Времето утре ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 8 степени во Берово. Натопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. температурата ќе се свижи од 13 до 32 степени.
Во петок под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, во количина над 15 литри на квадратен метар. Наместа врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне.
Во деновите од викендот ќе има ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Во понеделник повторно се очекува локална појава на нестабилност.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
