Согласно резултатите од анализите на мострите што ги изврши Институтот за јавно здравје, водата во Гостивар во моментов е неисправна и за пиење и за техничка употреба. Граѓаните се повикуваат строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатамошно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа.
Ова е една од информациите за кои се разговарало на денешната седница на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, со која претседавал министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
На седницата биле разгледани и други информации поврзани со состојбата со водоснабдувањето во Општина Гостивар, при што биле донесени повеќе заклучоци и мерки за заштита на здравјето на граѓаните.
Главниот штаб ја задолжил Општина Гостивар итно да предложи локации и контакт-лица за воспоставување пунктови за дистрибуција на техничка вода за објектите од витално значење.
Истовремено било потенцирано дека Институтот за јавно здравје, ЈП „Водовод“ – Скопје и Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжат со засилени теренски испитувања на квалитетот на водата, а резултатите редовно ќе ги доставуваат до Главниот штаб при Центарот за управување со кризи.
– Македонската армија ги стави во приправност двете цистерни за дистрибуција на техничка вода, кои ќе бидат ангажирани доколку Главниот штаб процени дека е потребно. Во координација со Општина Гостивар, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство и Центарот за јавно здравје Тетово – Гостивар, Центарот за управување со кризи ќе продолжи навремено да ја информира јавноста за сите мерки, препораки и активности поврзани со користењето на водата – велат од ЦУК.
Дополнително, општините Куманово, Тетово, Дебар, Кичево, Кавадарци и Неготино ќе обезбедат техничка вода со сопствени цистерни за потребите на граѓаните на Општина Гостивар, на однапред утврдените пунктови.
Во согласност со одлуката на Владата, Службата за општи и заеднички работи ќе продолжи со дистрибуција на вода за пиење до граѓаните на Општина Гостивар.
Од Центарот за управување со кризи апелираат сите жители на Општина Гостивар доследно да ги почитуваат препораките на надлежните институции и да ги следат официјалните информации што ќе бидат објавувани во текот на денот.
Tagged as:
ВОДАТА ВО ГОСТИВАР СЀ УШТЕ Е НЕБЕЗБЕДНА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
