Background

Филипче: Без европскиот пат, Македонија останува без иднина за младите

🎙️ Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции предупреди дека застојот на европскиот пат значи застој на државата, губење на перспективата и неизвесна иднина, особено за младите кои својата иднина сè потешко ја гледаат во Македонија.
„Очигледно е дека не одиме напред. Ние сме единствената земја која нема отворено поглавје за преговори, додека овие четири земји кандидати очигледно ќе бидат следните земји членки на Европската Унија. Секој ден гледаме како регионот оди напред. За жал, ние стоиме во место. Кога регионот оди напред, а ние не правиме ништо, тоа е и назадување. Ќе дојде временски период во кој веќе нема да може да се споредуваме со никого, затоа што едноставно луѓето овде нема да ја гледаат иднината“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ нагласи дека Македонија нема друга алтернатива освен продолжување на европскиот пат.
„Едноставно, нема друг извор и немаме алтернатива, освен членството во Европската Унија, кое како стратешки пат започна во 1991 година, од независноста на Македонија“, рече Филипче.
Тој истакна дека пристапниот процес кон ЕУ носи конкретни придобивки за државата и за граѓаните.
„Тоа исполнување на критериумите, откако ќе се отворат поглавјата, е она што ја зајакнува нашата држава, тоа што го менува системот, тоа што ни отвора простор и пристап до фондовите на Европската Унија, до кои не можеме да дојдеме на поинаков начин, ниту можеме да најдеме алтернативен извор во овој момент. Имаме примери од земјите кои последни влегле во Европската Унија, тоа се Бугарија и Хрватска. Како благодарение на пристапниот процес и членството во Европската Унија се сменија тие земји. Знаеме што беа Хрватска и Бугарија пред нивното членство во Европската Унија. Знаеме колкава сума пари, милијарди евра, им се отвори можност да користат како грантови од Европската Унија за инфраструктурни проекти кои ги сменија и Хрватска и Бугарија. Да не зборуваме за Романија и другите држави. Италија и Шпанија се променети поради членството во Европската Унија, економии со кои ние не можеме ни оддалеку да се споредуваме“, рече Филипче.
Филипче нагласи дека проширувањето повторно е меѓу врвните приоритети на Европската Унија, но предупреди дека Македонија ризикува да ја пропушти оваа можност доколку продолжи застојот во евроинтеграциите.
„Што ќе се случи ако ситуацијата овде остане статус кво? Што ќе се случи со предвидувањата со креирањето на следниот седумгодишен буџет на Европската Унија? Дали ќе бидеме предвидени како земја која ќе може да користи финансиски средства од Европската Унија во следниот седумгодишен период или ќе останеме на маргините со некои мали буџетски ставки кои ќе можеме да ги користиме само за одредени работи, ако власта не покаже желба, волја и конкретни насоки и чекори за продолжување на европскиот пат?“, посочи Филипче.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation