Background

ПОЧИНА 18-ГОДИШНАТА АКТЕРКА ОД „ГОДЗИЛА“

Кејли Хотл, 18-годишна глува актерка која се здоби со популарност играјќи ја Џиа во неодамнешните филмови од франшизата „Годзила“, почина во сообраќајна несреќа во Мериленд, потврди нејзиниот татко, Џошуа Хотл кој бил информиран дека неговата ќерка е критично повредена и дека нејзиното срце застанало на пат кон болницата.

Таткото ѝ се обратил на јавноста преку емотивно видео во живо на американски знаковен јазик, опишувајќи го шокот што го доживеал кога морал да отпатува од Тексас во Мериленд за да го идентификува телото на својата ќерка, пренесува „Њузвик“.

Иако нејзиното име можеби не беше широко познато на овие простори, Кејли Хотл изгради исклучително значајна и инспиративна кариера во Холивуд. Родена е во Атланта, во семејство во кое генерации наназад живеат со оштетување на слухот. Со актерството почнала да се занимава уште како дете, настапувајќи во реклами и едукативни видеа.

- Advertisement -
Ad image

Светската публика ја запозна во 2021 година преку филмскиот хит „Годзила против Конг“, каде што ја толкуваше улогата на девојчето Џиа. Нејзиниот лик имаше клучна улога во приказната бидејќи комуницираше со легендарниот Конг преку знаковен јазик.

Улогата успешно ја повтори и во продолжението „Годзила x Конг: Новото царство“ од 2024 година, освојувајќи ги симпатиите на гледачите со топлата врска што нејзиниот лик ја имаше со гигантското суштество на екранот.

Покрај филмските успеси, Хотл се појави и во популарната телевизиска серија „Magnum P.I.“

 

Трагедијата длабоко ја потресе и Тексашката школа за глуви лица, каде што Кејли била ученичка во завршна година. Од училиштето соопштија дека нејзината смрт оставила огромна празнина меѓу учениците и вработените и дека е организирана психолошка поддршка за сите на кои им е потребна.

– Нејзината насмевка, талент и позитивна енергија ќе останат засекогаш во нашите сеќавања – порачаа од училиштето, изразувајќи сочувство до семејството и блиските на младата актерка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation