Background

Кај нас единствената рударска инвестиција во Иловица е во застој

Критичните минерали се од централна важност за економската конкурентност, технолошкото лидерство и геополитичката стабилност – ова се наведува во најновата анализа на Европскиот парламент насловена „Политиките на САД за критични минерали и импликациите за стратешката автономија на ЕУ“. Од друга страна, домашните власти допрва се очекува да создадат Листа на критични минерални суровини. Од оние руди за коишто е познато дека Македонија ги поседува и се очекува да бидат експлоатирани е бакарот. Големо наоѓалиште од кое пак сѐ уште нема ископ е во Иловица-Штука.

Проектот беше споменат во Стратегијата за минерални суровини 2026-2046. Носител на текстот е МАНУ и во него се наведуваат повеќе мерки за развој на одговорното рударство и заштитата на животната средина. Авторите предвиделе овие сектори да се развиваат со пари од државниот буџет, но и со финансии од нови инвестиции, како на пример од потенцијалното отворање на Иловица и Плавица, кое би го наполнило буџетот со дополнителни 770 милиони евра. Според инвеститорот во Иловица, компанијата „Еуромакс ресоурцес“, нивниот проект би претставувал најголема гринфилд инвестиција во Македонија, во вредност од околу 350 милиони евра и ќе ги вброи во топ-три извозни компании на земјава.

Инаку, според анализата од Европарламентот во однос на финансирањето на мерките од стратегиите за критични минерали, САД обезбедуваат значително повеќе јавно финансирање од ЕУ.

- Advertisement -
Ad image

„Федералните агенции на САД мобилизираат околу 46 милијарди евра, нудејќи флексибилна и широка поддршка. ЕУ обезбедува 5–6 милијарди евра за финансирање на Директивата за критични минерали, потпирајќи се главно на грантови и заеми. Пристапот на ЕУ е исто така побавен и потесен, со ограничено споделување на ризикот и постојани одложувања на проекти што произлегуваат од сложени процедури и тесни грла во процесот на издавање на дозволи“, се потенцира во анализата.

Глобалната конкуренција за критични минерали, како што се додава, ја издига анализата за синџирот на снабдување до стратешки императив.

„Владите, мултилатералните институции и приватните инвеститори сè повеќе признаваат дека можноста за обезбедување и преработка на минерали е прашање на индустриски суверенитет, технолошка конкурентност и геополитичко позиционирање. Растечките геополитички тензии, ограничувањата на извозот и доминацијата на клучните актери, особено Кина, дополнително ги зајакнуваат ризиците од снабдувањето, особено во фазите на обработка. Како одговор, креаторите на политики од двете страни на Атлантикот усвојуваат сè поинтервенционистички пристапи“, се нагласува во текстот.

Во заклучоците е акцентирано дека за разлика од САД, на ЕУ сè уште ѝ недостасува наменски инструмент за гарантирање долгорочни приходи за рудниците и инвеститорите во центрите за преработка. Значаен предизвик се и долгите временски периоди помеѓу геолошките истражувања и производството.

Во случајот со САД пак, се пријавува сериозен недостиг на работна сила. Повеќе од половина од моменталната домашна работна сила во рударството (приближно 221 000 работници) ќе се пензионираат и ќе треба да бидат заменети до 2029 година, додека во 2020 година, имало само 327 дипломирани во областа низ целата земја.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation