Зајакнување на економските врски, нови инвестиции и зголемување на трговската размена меѓу Северна Македонија и Индија беа главните пораки од Македонско-индискиот бизнис форум што се одржа во Скопје, на кој се обратија претседателките на двете држави, Гордана Сиљановска Давкова и Друпади Мурму.
Сиљановска Давкова оцени дека политичките односи меѓу двете земји не се доволно одразени во економската соработка и порача дека постои голем простор за развој.
– Моменталната трговска размена е скромна и достигнува помалку од 133 милиони долари годишно. Ова не ги одразува нашите одлични политички односи и големиот потенцијал за економска соработка – рече претседателката.
Таа предложи амбициозна цел во следните пет години трговската размена меѓу двете земји да достигне најмалку 400 милиони американски долари.
Според неа, најголем потенцијал за соработка има во автомобилската индустрија, фармацијата, металургијата, производството на храна, дигиталните технологии и енергетиката.
– Како европска земја, нашата стратешка цел е членството во Европската Унија. Сите што ќе инвестираат во нашата земја имаат отворени порти кон европскиот пазар – порача Сиљановска Давкова.
Претседателката на Индија, Друпади Мурму, оцени дека економското партнерство меѓу двете земји има голем неискористен потенцијал.
Таа посочи дека Индија веќе извезува органски хемикалии, електрични машини и текстил во Македонија, додека од земјава увезува висококвалитетен мермер кој е ценет на индискиот пазар.
Мурму најави можности за заеднички инвестиции во дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, фармацевтската индустрија, здравството, земјоделството, производството на храна и зелените технологии.
– Нашиот фармацевтски сектор има желба да инвестира во Северна Македонија преку воспоставување заеднички производствени капацитети – рече индиската претседателка.
Таа ја покани Македонија да се вклучи во Меѓународната соларна алијанса и да ги искористи можностите за соработка во обновливите извори на енергија.
Претседателот на Здружението на трговски и индустриски комори на Индија (ASSOCHAM), Нирмал Кумар Минда, оцени дека Македонија има стратешка позиција, квалификувана работна сила и пристап до европскиот пазар.
Тој посочи дека најголеми можности за соработка гледа во производството, фармацевтската индустрија, здравството, земјоделството, преработката на храна и иновациите.
– Вистинската можност лежи во инвестициите, заедничките компании и производството кое ќе донесе иновации и раст – порача Минда.
На форумот учествуваа и повеќе министри од македонската влада, претставници на стопанските комори и бизнис заедници од двете земји.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
