Дваесет и деветгодишната Кристијан Фејт Медисон, мајка на малолетен син, изврши самоубиство по постојана комуникација со „Чет-ГПТ“, поврзана со религијата. Таа во јуни, минатата година си го одзема животот фрлајќи се пред автомобил во утринските часови.
Тужбата против компанијата „Опен-АИ“ е поднесена минатата година во јуни, од страна на нејзините родители. Во неа се наведува дека ВИ ги поддржувала нејзините религиозни заблуди, со што ја навела на самоубиство.
Според добиените информации од Судот во Калифорнија, односот меѓу Медисон и „Чет-ГПТ“ започнал во 2024 година за секојдневни задачи, но подоцна се зацврстил. Таа почнала да му се обраќа со љубов, зборувајќи му за своите психолошки трауми, очекувајќи емоционална поддршка и соодветна помош.
– Медисон почна да губи контрола и западна во длабока ментална криза. Таа поверува дека поседува натприродни моќи и дека е дојдена да исполни посебна мисија, по што четботот ја охрабрувал велејќи ѝ дека е видовита, пророчица и митско суштество – се наведува во тужбата
Семејството тврди дека нејзиниот личен живот започнал целосно да се распаѓа поради овие заблуди. Таа се изолирала од семејството и пријателите, го изгубила работното место, а во април 2025 година била хоспитализирана поради психичка криза и самоповредување. Според нив, четботот продолжил да ги поддржува нејзините сè поизразени религиозни заблуди дури и откако таа го информирала дека била во болница. Денови пред трагедијата тој ја охрабрил да се самоубие.
Овој случај е само еден од многуте правни постапки во кои се тврди дека интензивната интеракција со „Чет-ГПТ“ им нанела сериозна психолошка штета на корисниците, па и со смртни последици.
Компанијата „Опен-АИ“ останува воздржана во врска со случајот.
Tagged as:
РОДИТЕЛИ ГО ТУЖАТ ЧАТ-ГПТ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ САМОУБИСТВО?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
