Финалето на Светското првенство на стадионот „Метлајф“ донесе врвен фудбал, тензии, продолженија и триумф на Шпанија, но еден човек успеа да го привлече вниманието на пошироката јавност без воопшто да допре топка. Словенечкиот судија Славко Винчиќ, кој ја делеше правдата на најважниот натпревар во светот, преку ноќ стана апсолутен хит и миленик на женската публика.
Додека шпанските медиуми дебатираат за неговите одлуки и поништениот гол во продолженијата, социјалните мрежи горат со коментари за неговиот изглед. Популарната платформа TikTok и мрежата X се преплавени со кратки видеоинсерти од натпреварот во кои во преден план е ставен шармот, сериозниот изглед и авторитетот на 46-годишниот Словенец.
Женската публика веднаш му го додели ласкавиот епитет „Silver Fox“ (Сребрена лисица), алудирајќи на неговата побелена коса, одлична физичка подготвеност и елеганција со која менаџираше со некои од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата.
Дека Винчиќ целосно ги излуде жените ширум светот, најдобро покажуваат илјадниците коментари под неговите видеа кои за само неколку часа собраа милионски прегледи:
„Не ме интересира кој ќе победи, само кажете ми како се вика судијава и каде можам да најдам негов Инстаграм?!“ – пишува една навивачка на мрежата X.
„Гледав фудбал со дечко ми и одеднаш сфатив дека цело време зјапам во судијата. Човекот изгледа како филмска ѕвезда, каков шарм и авторитет!“ – стои во еден од најпопуларните коментари на TikTok.
„Може да ми даде каков сака картон“, е најпопуларниот коментар.
„Единствената причина поради која ги изгледав сите 120 минути со продолженија. Овој човек е дефиниција за ‘Silver Fox’“, коментира друга обожавателка.
„Како успева да изгледа толку смирено и моќно додека околу него викаат десет фудбалери? Тој не суди, тој доминира на теренот“ – додава друг корисник.
За жал на неговите новопечени обожавателки кои масовно почнаа да го пребаруваат неговиот приватен живот, словенечкиот судија е веќе зафатен. Винчиќ со години е во среќен брак и е татко на две деца, вешто чувајќи го својот семеен живот подалеку од очите на јавноста, што за многумина го прави уште помистериозен и попривлечен.
Тој доаѓа од Марибор, на листата на ФИФА е уште од 2010 година, а врвот на својата кариера го доживеа судејќи ги финалињата на големите европски натпреварувања, вклучувајќи ја и престижната Лига на шампиони.
Овој ненадеен бран на популарност доаѓа како круна на една исклучително интересна и бурна кариера. По професија инженер по телекомуникации, Винчиќ постепено се пробивал во судискиот свет. Пред шест години, во мај 2020 година, неговото име се најде во центарот на голем скандал во Босна и Херцеговина, кога случајно бил приведен за време на полициска рација поврзана со српска старлета, дрога и оружје.
Винчиќ тогаш брзо бил ослободен без никакви обвиненија, докажувајќи дека се нашол на погрешно место во погрешно време како гостин на деловен ручек. Светската фудбалска федерација (ФИФА) и УЕФА застанаа зад него, по што тој ја врати довербата судејќи го финалето на Лигата на шампионите во 2024 година, за деновиве да го допре и самиот врв со судење на мундијалското финале.
Винчиќ не можеше да ги сокрие солзите кога дозна дека токму нему му е доверено да го суди најважниот натпревар на Мундијалот.
Според проценките на медиумите, главниот судија за финалето ќе заработи околу 60.000 американски долари. Словенечките медиуми наведуваат дека Винчиќ од настапите на Светското првенство 2026 вкупно би можел да инкасира околу 140.000 американски долари, а конечната сума ќе зависи и од бонусите што ги предвидува ФИФА.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
