Background

Енди Бурнам денеска ќе стане седмиот британски премиер во последната деценија, преземајќи ја функцијата во период на сериозни предизвици и со ограничено време да остави политички белег

Енди Бурнам денеска ќе стане седмиот британски премиер во последната деценија, преземајќи ја функцијата во период на сериозни предизвици и со ограничено време да остави политички белег.

Бурнам ја презема премиерската функција од непопуларниот, Кир Стармер, само две години откако лидерот на лабуристите ја врати партијата на власт по 14 години владеење на конзервативците со убедлива изборна победа.

Откако кралот Чарлс Трети му довери мандат за формирање нова влада, 56-годишниот Бурнам се очекува денеска да го одржи првиот говор пред седиштето на британскиот премиер во „Даунинг стрит“, по заминувањето на Стармер.

- Advertisement -
Ad image

Неговиот тим најави дека новиот премиер ќе ги претстави приоритетите за враќање на довербата во владата и подобрување на животниот стандард на граѓаните, во услови на продолжена криза со трошоците за живот. Меѓу главните цели се поттикнување на економскиот раст и пренесување поголеми овластувања кон регионалните заедници.

Се очекува во текот на денот да бидат објавени и новите владини именувања, а најголемо внимание привлекува прашањето кој ќе ја наследи Рејчел Ривс на функцијата министер за финансии.

Бурнам, поранешен градоначалник на поширокиот регион Манчестер, познат и како „Кралот на Северот“, се искачи на чело на Лабуристичката партија по оставката на Стармер минатиот месец. Пратениците во него гледаат како најдобра можност партијата да го спречи растот на десничарската партија „Реформ Ју-Кеј“ на Најџел Фараж.

Меѓу најголемите предизвици за новиот премиер ќе бидат слабеењето на економскиот раст, високите трошоци за државното задолжување, големите расходи за социјалната заштита и проблемот со илегалната миграција преку Ламанш, што ја зголеми поддршката за партијата на Фараж.

Дополнителен притисок претставуваат нестабилните цени на енергенсите поради војната меѓу САД и Иран, како и непредвидливата политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

Бурнам најави „радикална“ промена на, како што го оцени, „премногу централизираниот“ политички систем и економски модел, со цел поголема сигурност за граѓаните – стабилни работни места, достапни домови и подобри услови за живот во локалните заедници.

Стармер на крајот на јуни објави дека се повлекува од премиерската функција и од лидерската позиција во Лабуристичката партија по серија политички скандали, погрешни чекори и промени во ставовите кои ја нарушија неговата позиција.

Сепак, и Бурнам се соочува со ограничен простор за маневрирање поради бавниот економски раст, високиот јавен долг и строгите буџетски правила кои бараат балансирање меѓу јавната потрошувачка и приходите од даноци.

Церемонијата на примопредавање на функцијата ќе започне со посетата на Стармер на Бакингемската палата, каде формално ќе му ја врати довербата на кралот, по што Бурнам ќе биде примен од монархот пред да го одржи првиот говор како премиер.

Бурнам беше пратеник од 2001 до 2017 година и извршуваше министерски функции во владите на Тони Блер и Гордон Браун. По враќањето во Парламентот пред само четири недели, тој има околу три години да ги спроведе најавените промени, пред изборите најавени за 2029 година, на кои анкетите му даваат предност на Фараж и неговата партија.

Бурнам минатата недела им порача на своите поддржувачи дека неговото преземање на раководството на лабуристите е „последна шанса“ партијата да ги исправи работите, додавајќи дека има „план“ за иднината на Велика Британија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation