Соединетите Американски Држави рано утринава извршија нов бран воздушни напади врз Иран, на што Техеран возврати со ракетни и со напади со дронови врз Јордан, Бахреин и врз Кувајт, што дополнително ги зголеми стравувањата од проширување на конфликтот на Блискиот Исток.
САД и Иран сè повеќе се приближуваат кон отворена војна, откако привременото примирје постигнато минатиот месец пропадна, а пловидбата низ Ормускиот Теснец е сериозно нарушена. Во меѓувреме, двете страни продолжуваат да гаѓаат и цивилна инфраструктура од која зависат милиони луѓе.
Американската војска соопшти дека војник загинал во саботата во Ирак, при контролирана експлозија на соборен ирански дрон. Претходно беше објавено дека американските сили извршиле напади врз цели на Иранската револуционерна гарда како одговор на нападот во Јордан, во кој загинаа американски војници. Од почетокот на конфликтот досега загинаа 17 припадници на американските вооружени сили.
Американската војска објави дека го завршила најновиот бран напади врз цели во Иран, деветта ноќ по ред. Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека операцијата ги таргетирала воените командни центри, објектите за воздушна одбрана и за крајбрежен надзор, местата за лансирање ракети и дронови, како и комуникациските мрежи.
„Нападите ќе продолжат, за да се ослабат иранските воени капацитети што се користат за напади врз трговските бродови и цивилните морнари кои пловат низ Ормускиот Теснец“, соопшти Централната команда на американската војска на социјалната мрежа Икс.
Според иранската новинска агенција Тасним, експлозии се пријавени во северниот град Тебриз, пристанишниот град Чабахар во Оманскиот Залив, Конарак во југоисточната покраина Систан-Балуџистан, пристанишниот град Махшар во покраината Хузестан и вп пристаништето Бандар Имам Хомеини во Персискиот Залив.
Техеран возврати со напад на земји кои се домаќини на американски воени бази. Кувајт рано во понеделник објави дека неговата воздушна одбрана пресретнала непријателски беспилотни летала лансирани од Иран.
Сирените за воздушен напад се огласија и во Бахреин.
Ескалацијата на конфликтот ги зголеми ризиците за превоз во Ормускиот Теснец. Рано наутро во понеделник, Британската поморска трговија (UKMTO) објави дека брод гори во водниот пат, додавајќи дека причината за пожарот не е веднаш јасна.
Инцидентот се случил околу 8 наутички милји северозападно од Кумзар, Оман, соопшти UKMTO. Организацијата им советува на бродовите што минуваат низ областа да бидат внимателни додека го истражуваат инцидентот.
Вашингтон распореди дополнителни борбени авиони и авиони за полнење гориво на Блискиот Исток како одговор на најновата ескалација, според извештаите на американските медиуми.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
