СДСМ: Мицкоски не сака во Европа – затоа што таму се одговара за криминал и корупција
Додека функционерите на ВМРО-ОКГ и нивните семејства имаат бугарски пасоши и слободно патуваат низ Европа, обичните граѓани со часови стојат на граничните премини, често во најголеми жештини, со мали деца.
Додека Мицкоски се вози со државниот авион, кој веќе го чувствува како приватен, на море – затоа што колената го болат од клечење и лажни ветувања, граѓаните се мачат на граничните премини.
Ова е вистинското лице на политиката на изолација што ја спроведува Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.
Реформската агенда, која требаше да биде завршена до 1 јуни, денес е предмет на шизофренија во самата ВМРО-ОКГ.
Мицкоски вели дека реформите се завршени, од ВМРО-ОКГ велат дека не се.
Во меѓувреме, Европската унија го врати законот за судскиот совет на дополнителни измени, а последниот извештај на Европската комисија е најлош досега по прашањето на политичко мешање во независноста на судство.
Истата манипулација што ја спроведува со домашната јавност, Мицкоски ја спроведува и со меѓународната. Сè се прави со цел да не се исполнат обврските кон Европа и Македонија и нејзините граѓани да останат заложници на политиката на изолација.
Мицкоски не сака Европска унија. Во Европа судството е независно. Таму се одговара за криминал и корупција, а не се ослободуваат криминалци како неговиот ментор Груевски или главниот човек за медиумска пропаганда Драган Павловиќ – Латас, уредникот на Орбановите медиуми.
Таму имотот стекнат преку криминал, како Белата палата, не им се враќа на оние кои со кражба над граѓаните го стекнале.
Затоа и ја држи Македонија во изолација. Затоа и ги кочи реформите. Затоа и граѓаните плаќаат највисока цена и на границите, и во секојдневниот живот.