Само еден ден пред финалето на Светското првенство 2026, Њујорк беше сведок на фотографија каква што спортскиот свет речиси никогаш не видел. Во ист кадар се најдоа едни од најголемите спортски ѕвезди на денешницата – Лионел Меси, Новак Ѓоковиќ, Том Брејди, Кевин Дурент, Родри, Емилијано Мартинез, Лионел Скалони, Луис де ла Фуенте, Рио Фердинанд, како и актерот Кевин Харт и музичарот Тревис Скот.
Токму НБА-ѕвездата Кевин Дурент го извади телефонот и направи селфи кое за само неколку минути стана хит на социјалните мрежи и беше прогласено за „најскапото селфи на сите времиња“.
Фотографијата е направена во рамки на „Фанатикс фест“ во Њујорк, настан организиран како спектакуларна увертира пред големото финале на Мундијалот меѓу Аргентина и Шпанија.
Наместо вообичаени прес-конференции, фудбалските ѕвезди одговараа на прашања поставени од спортски легенди.
Новак Ѓоковиќ ги праша Лионел Меси и аргентинскиот селектор Лионел Скалони како успеваат да се справат со огромниот притисок пред најважните натпревари, додека Том Брејди разговараше со Меси за легендарната фотографија на која Аргентинецот, како млад фудбалер, го капе бебето Ламин Јамал – денес една од најголемите светски фудбалски ѕвезди.
Кевин Дурент, пак, го праша аргентинскиот голман Емилијано Мартинез што би значело за неговата земја освојувањето на втора последователна светска титула.
По завршувањето на официјалниот дел, атмосферата стана далеку поопуштена. Насмевките, шегите и мобилните телефони го заменија протоколот, а токму тогаш настана фотографијата која веќе се смета за една од највпечатливите во поновата спортска историја.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
