Техеран денеска објави дека неговите сили ја нападнале американската воздухопловна база Ал Удеид во Катар во 15-тиот бран напади – јавува агенцијата ИРИБ.
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во соопштението вели дека во нападот биле уништени радар со долг дострел и неколку американски стратешки авиони за полнење гориво, јавува „Ал џезира“.
„Американскиот непријател и земјите што ги примаат неговите бази во регионот треба да знаат дека преминувањето на црвените линии и нападите врз луѓето и цивилната инфраструктура ќе бидат скапо платени. Ако непријателот продолжи по тој пат, ќе следуваат уште посилни одговори, кои ќе бидат запаметени во историјата на војувањето“, се наведува во соопштението на ИРГЦ.
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) денеска предупреди дека ќе продолжи со нападите сè додека САД не ги прекинат нападите врз јужниот дел на Иран и во Ормуската Теснина.
„Нашите ефикасни и прецизни напади, што се изведуваат од целата територија на Иран против непријателот, ќе продолжат сè додека не се воспостави мир долж јужниот брег на земјата и во Ормуската Теснина“, напиша на социјалните мрежи командантот на Воздушно-космичките сили на ИРЦГ Маџид Мусави.
Договорот за прекин на огнот меѓу САД и Иран од Исламабад пропадна минатата недела, а страните продолжија да се напаѓаати со други, а истовремено Ормуската Теснина е затворена за поморски сообраќај.


