Легендарниот НБА ас настапи како диџеј во Дубровник, а неговото духовито обраќање експресно стана хит на социјалните мрежи
Легендарниот американски кошаркар Шекил О’Нил повторно ги освои симпатиите на љубителите на кошарката, но овојпат не со потег на теренот, туку со хумористична порака испратена од Дубровник.
Еден од најдоминантните центри во историјата на НБА престојуваше во хрватскиот туристички бисер, каде што настапи како диџеј во познатиот клуб „Ревелин“. За време на посетата сними и видео кое брзо стана вирално на социјалните мрежи.
– Не се викам Шекил О’Нил, туку Шекил О’Ниловиќ. Вторпат сум во Дубровник, прекрасно ми е тука, фантастичен град. Се надевам дека ќе се вратам и следната година. Сите знаат дека О’Ниловиќ ги сака Хрватите. Клубот е одличен, луѓето, забавата… Благодарам, Дубровник. Ако ме сретнете во Хрватска – јас не сум Шекил О’Нил, туку Шекил О’Ниловиќ – порача низ насмевка славниот Американец.
Неговата изјава за кратко време собра илјадници реакции и коментари, а бројни хрватски фанови ја поздравија смислата за хумор на четирикратниот НБА шампион.
Во меѓувреме, легендарниот хрватски кошаркар Дино Раѓа на Инстаграм објави заедничка фотографија со О’Нил, откривајќи дека повторно се сретнале по речиси три децении.
„Човек како Шекил О’Нил ќе те види по 29 години и ќе ти каже: What’s up, brother. Nice feeling“, напиша Раѓа.
Раѓа и О’Нил беа големи ривали во НБА во текот на 90-тите години. Раѓа настапуваше за Бостон Селтикс од 1993 до 1997 година, додека О’Нил тогаш беше една од најголемите ѕвезди на Орландо Меџик, а подоцна ја изгради својата шампионска кариера со Лос Анџелес Лејкерс.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
