Background

ХАОС ВО КУКЛИЦА, БРИТАНЕЦ СО КАМЕЊА НАПАДНАЛ ИНСПЕКТОРИ

Основното јавно обвинителство Куманово побара притвор за 41-годишен британски државјанин, осомничен дека со камења нападнал даночни инспектори кои вршеле службена контрола на туристичкиот локалитет „Камени Кукли“ во селото Куклица, кај Кратово.

Според Обвинителството, против осомничениот е поведена постапка за кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, казниво според член 382 став 3 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 16 јули, кога двајца даночни контролори од Управата за јавни приходи извршувале службена контрола во врска со претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност на локалитетот.

- Advertisement -
Ad image

Според обвинителството, британскиот државјанин почнал да фрла камења кон инспекторите и кон нивното службено возило, поради што тие биле принудени да го напуштат местото без да ја завршат контролата.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека истиот ден, во 12:29 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода А.М.Б. (41) од Велика Британија.

Тој бил приведен во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Јавниот обвинител, оценувајќи ги околностите на случајот, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор.

Според неофицијални информации, приведениот британски државјанин е сопруг на Стојна Димитровска Бут, која заедно со нејзиниот татко Милош Димитровски во изминатиот период беше поврзувана со користењето на локалитетот Куклица. Оваа информација засега не е официјално потврдена од надлежните институции.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation