Background

Забрането е да се пие водата откако се затруја повеќе од 1.200 граѓани

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) забрани употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека таа е загадена и небезбедна за употреба. Повеќе од 1.200 жители на Гостивар побарале медицинска помош во Градската болница жалејќи се на стомачни тегоби и повраќање.

Забраната доаѓа по добиено известување од Јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во селото Вруток, Општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој водоснабдителен систем. По добиени поплаки од граѓани до ОЈО Гостивар и пријава од МВР Гостивар во однос на безбедноста и квалитетот на водата за пиење, инспекциски служби на АХВ, со претставници на Министерството за животна средина, ОЈО Гостивар и крим техника – МВР Гостивар, вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор.

Со надзорот утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем.

- Advertisement -
Ad image

Од страна на стручни лица на Институтот за јавно здравје кои биле присутни на надзорот, земени се мостри од водата за лабораториско тестирање со цел утврдување на нејзината безбедност.

Основното јавно обвинителство Гостивар презема конкретни истражни дејствија во врска со случајот со можна неисправна вода за пиење откога повеќе граѓани побарале лекарска помош поради здравствени тегоби за кои постојат сомневања дека се поврзани со водоснабдителната мрежа.

Јавниот обвинител Ненад Савески, денеска информира дека на подрачјето на Основното јавно обвинителство Гостивар се спроведуваат проверки во кои се вклучени сите надлежни институции со цел да се утврдат околностите на настанот и дали станува збор за кривично-правен случај.

– На подрачјето на Основно јавно обвинителство Гостивар се преземаат конкретни истражни дејства во кои се вклучени сите потребни институции за да се утврди таа состојба. Дали станува збор за евентуално кривично-правен настан или од други аспекти – истакна Савески.

Тој нагласи дека надлежниот јавен обвинител денеска постапува по случајот и прибира информации од релевантните институции поради што, како што наведе, е рано да се дава правна квалификација на настанот.

– Да не избрзувам со правна квалификација за тоа. Дејствата се преземаат токму денес. Очекувам и јас информации од страна на надлежниот јавен обвинител, така што не би било благодарно сега од ова место да одредувам правна квалификација наместо надлежниот обвинител – изјави Савески.

На новинарско прашање дали, со оглед на тоа што станува збор за можност од нарушување на јавното здравје, ќе биде побарана одговорност доколку се утврдат неправилности, јавниот обвинител посочи дека најнапред треба да се утврди дали постојат основи за кривично дело.

– Првин треба да се види дали има основи за постоење, па потоа и видот на кривичното дело, доколку има – појасни јавниот обвинител.

Надлежните институции во моментот ги испитуваат причините за појавата на здравствените проблеми кај граѓаните, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на првичните проверки и анализи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation