Деветнаесетгодишниот шпански фудбалер Ламин Јамал од секогаш имал ритуал поврзан со јадењето. Уште од периодот кога бил дете неговата мајка му подготвува посебно јадење пред секој натпревар.
Ламин Јамал има само 19 години и веќе е фудбалска ѕвезда со ветувачка кариера. Тој го воодушеви фудбалскиот свет со својот неверојатен пробив во првиот тим на ФК Барселона, а сега е во центарот на вниманието и на Светското првенство.
Младиот напаѓач во едно интервју откри малку познат детаљ за неговите подготовки пред натпреварот. Станува збор за неговиот начин на исхрана и на едно посебно домашно приготвено јадење кое, како што вели, било клучно за неговиот развој и перформанси.
За Ламин, пилешкото со ориз и сос од кикиритки не е само традиционално јадење од Екваторска Гвинеја, татковината на неговата мајка, туку и неговото омилено јадење.
– Мајка ми секогаш ми го правеше тоа пред да играм. Тоа е јадење што ми дава сила – вели тој.
Според нутриционистите, овој оброк е сепак повеќе од семејна традиција.
Оризот обезбедува долготрајна енергија благодарение на сложените јаглехидрати, додека сосот на база на кикиритки – односно она што е најважниот дел од оброкот, нуди здрави масти, растителни протеини, влакна и есенцијални минерали како што се магнезиум и фосфор.
Заедно, овие хранливи материи го поддржуваат развојот на мускулите, закрепнувањето по натпреварот и издржливоста.
Нутриционистите како Хауме Хименез и Меј Морон се согласуваат дека ова јадење е совршено за врвен спортист како Јамал.
Тие, исто така, ги истакнуваат придобивките од природниот путер од кикиритки како засилувач на енергија пред или по тренингот – сè додека не содржи додадени шеќери или непотребни адитиви.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
