Мицкоски треба да се извини за навредите – за криминалот ќе одговара
Христијан Мицкоски со месеци ги навредува граѓаните. Ги нарекува „талог на општеството“, „мекотели“, „коленичари“, “глодари”, „медиокритети“…. Тоа не се обични политички изјави. Тоа е презир кон сопствените граѓани од највисоката државна позиција.
Врвот на навредите го достигна со пцуење на пратениците во Собранието. Пратениците се избрани претставници на граѓаните. Кога ги пцуе пратениците, всушност ги навредува и граѓаните кои им ја дале својата доверба да ги претставуваат.
Уште позагрижувачки е што тоа го прави заедно со Иван Стоилковиќ, кој отворено застапува интереси на други држави.
Мицкоски мора и треба да се извини за навредите. Тоа е минимумот што им го должи на сите оние кои ги нарекуваше со погрдни имиња затоа што мислат поинаку од него или затоа што сакаат европска иднина за Македонија.
За криминалот и корупцијата, меѓутоа, извинување не постои.
За криминални тендери, ослободувањето на Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас, за враќањето на „Бела палата“ – имот стекнат со криминал – и за заштитата на организираната криминална група ВМРО, Мицкоски нема да се извинува. За тоа ќе одговара.
Навредите може да се повлечат со извинување.
Криминалот не.
За криминалот следува одговорност.