Британскиот режисер Кристофер Нолан се одлучи да го брани својот нов филм „Одисеја“ (The Odyssey), којшто е силно критикуван уште пред да излезе во кината.
На пример некои гледачи и критичари се осврнуваат на трејлерот и дијалогот во него, сметајќи дека звучел премногу современо.
„Холивуд репортер“ и „Индипендент“, исто така, ја критикуваат употребата на „премногу модерните фрази“ во филмот заснован на епските древнохеленски приказни на Хомер од пред скоро три илјадалетија. Прашан за тоа, во интервју за „Лос Анџелес тајмс“ Нолан вели дека сакал „речник со емоционално, а не интелектуално значење за луѓето“ во својот нов филм. Тоа го одвело подалеку од вештачки возвишениот говор кон разговорниот, современ дијалог.
Негативните реакции се однесуваат, на пример на тоа што Телемах (го глуми Том Холанд) го употребува сленгот „dad” (тато) наместо „father“, обраќајќи се кон Антиној (Роберт Патинсон). Мнозина сметаат дека таквите „типично американски“ примери од современиот јазик и жаргон се несоодветни во приказната од древната хеленска цивилизација.
– Можеби бев наивен, можеби и знаев дека „ќе ме касне змијата“, но сакав поприземен разговор. За мене беше очигледна одлука – вели Нолан.
Меѓу глумците во филмот се и Мет Дејмон како Одисеј, Ен Хатавеј како Пенелопа, Зендаја како Атена, Шарлиз Терон како Калипсо, Елиот Пејџ како Синон, Џон Бернтал како Менелај. Но, и темнокожата Кенијка, Лупита Њонго како Гркинката Елена Тројанска, што исто така, навлече критики за историска недоследност.
Во однос на тоа, Нолан вели дека овие ликови се култни и митолошки, поради што сакал да избере само „големи ѕвезди“.
Режисерот во претходно интервју за „Ентертејнмент викли“ ги спореди негативните реакции за „Одисеја“ со оние за „Бетмен“, трилогија којашто сепак, потоа испадна голем хит, доби два „Оскари” и десетици други награди. Тоа, вели, го научило да не се грижи премногу за негативните реакции на интернет пред публиката да го види готовиот филм.
„Одисеја“ ќе се прикажува во киносалите во САД и ширум светот од овој петок, 17 јули.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
