Background

Британка 15 минути објаснувала дека не патувала во Амстердам, туку нејзината сестра

Новиот дигитален систем за контрола на влез и излез од Европската Унија (ЕЕС), кој треба да ги замени печатите во пасошите со биометриска идентификација, се соочува со нови критики откако, покрај долгите чекања на границите, не успеал да разликува еднојајчани близначки, пишува POLITICO.

Системот беше воведен на 10 април, по четиригодишно одложување, но уште од стартот патниците пријавуваат проблеми при скенирањето на лицето и земањето отпечатоци од прсти.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, неодамна призна дека системот сè уште има технички недостатоци и дека е потребна дополнителна работа.

- Advertisement -
Ad image

Медиумот наведува пример на Британка, негова вработена, која при напуштање на Романија била задржана од граничната полиција и испитувана 15 минути, под сомнение дека престојувала подолго од дозволеното во шенген-зоната. Во системот било евидентирано дека таа влегла во Амстердам, но немало податок дека ја напуштила Унијата во дозволениот период.

Но, проблемот бил што таа не престојувала во Амстердам, туку таму патувала нејзината сестра близначка.

Се претпоставува дека системот EES ги помешал двете жени врз основа на нивните идентични црти на лицето, а веројатно и поради истото презиме, датум на раѓање и државјанство. Сепак, тие имаат различни отпечатоци од прсти, лични имиња и, што е клучно, свои пасоши. На жената на крајот ѝ беше дозволено да патува.

Експерти ова ситуација ја поврзуваат со две грешки направени при патувањето на сестрите близначки – неправилно евидентирање на излезот на едната сестра од Холандија и недоволно темелна проверка од страна на романските гранични власти.

Според правилата на системот ЕЕС, идентификацијата не треба да се врши само преку препознавање на лицето, туку задолжително треба да се спореди и со отпечатоците од прсти или податоците од пасошот. Во овој случај, тие информации јасно се разликувале, но граничните служби не направиле детална проверка.

Портпаролот на Европската комисија, кој од кого е побаран одговор, изјави дека Комисијата „не коментира за поединечни случаи“ но рече дека „земјите-членки се одговорни за податоците евидентирани во EES, до кои Комисијата нема пристап.

-При влегување во Шенген зоната, патниците мора да ги достават своите биометриски податоци, при преминување на надворешните граници на ЕУ за прв пат, како и податоците од пасошот. Ова овозможува посебна идентификација на секој патник – рече тој.

Портпаролот на ЕК исто така потсети дека патниците кои се загрижени за обработката на нивните податоци имаат право да побараат корекција.

-Во тој случај, тие можат да се обратат до надлежните органи на земјата-членка, или на границата или преку институциите одговорни за тоа  рече портпаролот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation