Background

НА ТАТКОТО НА ВАЊА ПАК ЌЕ МУ СЕ СУДИ Пресврт во случајот, падна ослободителната пресуда

Апелациониот суд во Скопје ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, и предметот го врати на повторно судење. Истовремено, судот ги потврди доживотните затворски казни за Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, осудени за грабнувањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Одлуката била донесена на 10 јули, по јавната седница одржана во мај, на која Апелациониот суд ги разгледал жалбите, доказите и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, пренесе Дојче Веле.

Со тоа, правосилни стануваат пресудите со доживотен затвор за четворицата обвинети, кои беа прогласени за виновни за грабнувањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

- Advertisement -
Ad image

Најголемиот пресврт во одлуката се однесува на Александар Ѓорчевски. Апелација ја укина неговата ослободителна пресуда и наложи предметот повторно да се разгледува пред Основниот кривичен суд.

Ѓорчевски беше обвинет дека им помагал на сторителите со тоа што им давал информации за времето кога неговата ќерка излегувала на училиште. Во текот на целата судска постапка тој ги негираше ваквите обвинувања, а првостепениот суд го ослободи од вина. Со најновата одлука на Апелација, за него повторно ќе се води судска постапка.

Од Апелациониот суд информираат дека поради обемниот доказен материјал и сложеноста на предметот, во тек е изработката на писмената пресуда, која дополнително ќе биде објавена на веб-страницата на судот.

По потврдувањето на пресудите, четворицата осудени, кои речиси три години се наоѓаат во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, се очекува да бидат префрлени во КПД „Идризово“, каде што ќе ја издржуваат казната доживотен затвор.

Според обвинението, групата го испланирала грабнувањето на Вања Ѓорчевска со намера да изнуди пари од член на нејзиното семејство. Панче Жежовски, според обвинението, бил киднапиран за да му биде одземено возилото „ситроен“, кое потоа било искористено при грабнувањето на Вања.

Вања Ѓорчевска исчезна на 27 ноември 2023 година, а Панче Жежовски три дена претходно, на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември 2023 година во близина на Скопје и Велес, случај што ја потресе македонската јавност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation