Маж на 39-годишна возраст во Белград починал откако бил нападнат од рој оси. Toj помагал на своја сосетка да помести маса во дворот и не знаел што го чека, пишува Мондо.
Според сведоштвата на соседите, никој не знаел дека под масата се крие рој оси. Во моментот кога ја поместувал, инсектите излетале и повеќепати го каснале по главата и по вратот. На мажот веднаш му се слошило. Бил пренесен во здравствена установа, но и покрај напорите на лекарите не успеал да преживее.
Трагедијата уште повеќе ги потресла соседите бидејќи, како што велат, станувало збор за човек кој секогаш бил подготвен да помогне.
– Тој беше човек со златно срце. Само сакаше да ѝ помогне на сосетката која штотуку се породи. Никој не знаеше што се крие под масата – раскажала сосетка за српските медиуми.
Според неа, осите го нападнале речиси веднаш штом ја поместил масата.
– Го каснаа по главата и по вратот. Веднаш му се слоши. Го однесоа на лекар и сите се надевавме дека ќе се спаси, но потоа стигна ужасната вест.
Починатиот зад себе оставил сопруга и три деца. Најмалото од нив годинава требало да тргне во прво одделение.
Белградските медиуми наведуваат дека ова е втор смртен случај поврзан со убод од оси за помалку од две недели.
На 2 јули во населбата Рипањ починал 71-годишен маж, кој исто така бил нападнат од рој оси додека престојувал на приватен имот. И покрај брзата реакција на службите, лекарите тогаш можеле само да констатираат смрт.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
