Background

Слаба поддршка во Битолско, силна во Охрид, што му се случува на ЗНАМ

Партијата ЗНАМ во изминатиов викенд одржа две значајни средби со граѓаните, едната во Битола, другата во Охрид, а резултатите повторно го отвораат прашањето колку реално е распространета поддршката на партијата низ Западна Македонија.

Трибина во Битола со скромен одѕив

Во сабота, ЗНАМ организираше трибина во Битола на која присуствуваше Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието на РСМ. И покрај присуството на високо рангиран функционер на партијата, настанот успеа да собере само околу 150 членови и симпатизери. Бројката е особено индикативна ако се земе предвид дека станува збор за граѓани не само од градот Битола, туку и од Демир Хисар, Ресен и Новаци заедно.

Ваквиот одѕив поставува сериозно прашање, дали тоа е реалниот домет на поддршката на ЗНАМ во битолскиот регион, кој опфаќа неколку општини со илјадници потенцијални гласачи.

Охрид покажува поинаква слика

- Advertisement -
Ad image

Од друга страна, во  сабота, ЗНАМ има средба со граѓаните и во Охрид. Според досегашните показатели, состојбата таму изгледа поинаку. Јован Мирчески Пупе, локален функционер на партијата, го покажува тоа со бројки кои го надминуваат вкупниот резултат на битолската трибина.

Неспорен факт е дека Јован Мирчески Пупе самостојно собира повеќе членови и симпатизери на ЗНАМ отколку половина од лидерите на партијата во Западна Македонија заедно. Во моментов, неговото гласачко тело брои околу 900 граѓани, бројка која е шест пати поголема од онаа регистрирана на трибината во Битола.

Што покажува ова за партијата

Контрастот меѓу двата настани отвора неколку прашања за внатрешната организациска моќ на ЗНАМ низ различни региони. Додека во Охрид партијата очигледно гради стабилна база преку локални лица со организациски капацитет, во Битолско поддршката делува значително послаба, дури и кога на терен е испратен потпретседател на Собранието Весна бендевска која е и жителка на Битола.

Останува да се види дали овие разлики ќе влијаат на идните организациски и изборни стратегии на партијата во Западна Македонија.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation