Белата куќа гори, а пред неа се наредени ковчези покриени со американски знамиња. Ваква сценае прикажана на голем билборд на плоштадот Палестина во Техеран.
Ковчезите се на претседателот на САД Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Џаред Кушнер. На постерот се поставени и портрети на членови од семејството Трамп.
„Крв за крв, око за око“, пишува над илустрацијата на персиски и на хебрејски јазик.
Плоштадот Палестина во Техеран често служи како простор за големи политички пораки насочени кон Израел и кон САД. Претходно таму бил поставен и билборд со карта на израелски цели и со пораката „Вие почнувате, ние завршуваме“.
Слична пропагандна слика се појави и во март на плоштадот Валиаср. На неа поранешниот врховен лидер Али Хамнеи му го предава иранското знаме на својот син Моџтаба Хамнеи. Фотографијата од тогашниот билборд ја објави Асошиејтед прес.
Во април во Техеран беше поставена и порака дека Ормускиот Тесенц под трајна иранска контрола. Билбордите се дел од јавната пропагандна пресметка што ја придружува затегнатоста меѓу Техеран, Вашингтон и Тел Авив.
Tagged as:
а пред неа се наредени ковчези покриени со американски знамиња. Белата куќа гори
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
