Уште две деца на Анџелина Џоли и Бред Пит започнаа постапка за откажување од презимето на нивниот татко. Захара (21) и Медокс (24) поднеле барања до судот во Калифорнија за официјално да го променат презимето од Џоли-Пит во Џоли. Како дел од законската процедура, нивните барања биле објавувани во весникот „Лос Анџелес дејли џурнал“.
„Подносителката Захара Марли Џоли-Пит поднесе барање до овој суд за промена на презимето од Пит во Џоли. Подносителот Медокс Чиван Џоли-Пит поднесе барање до овој суд за промена на презимето од Пит во Џоли“, сe вели во судските документи.
Судското рочиште за Медокс е закажано за 14 септември, додека Захара ќе се појави пред суд на 28 септември.
Ова е продолжение на процесот што веќе го започна нивната сестра Шајло, која во 2024 година официјално го отстрани презимето Пит.
Според американските медиуми, Медокс уште пред неколку години престанал да го користи презимето Пит во секојдневната комуникација. Во 2021 година, во одјавната шпица на филмот „Кутур“, на кој работел како асистент на режисерот, бил потпишан како Медокс Џоли.
Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се разведоа во 2024 година по долгогодишна правна битка. Поранешната холивудска двојка има шест деца – Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
