Синот кој го уби својот татко му нанел повеќе од 30 убоди со нож во вратот и во градниот кош, објави Основното јавно обвинителство Скопје. За 30-годишниот осомничен е побаран притвор, а против него е отворена истражна постапка за убиство.
„Осомничениот 30-годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице место“, соопшти ОЈО.
На осомничениот ќе му биде извршено и психијатриско вештачење, а истрагата треба да ги утврди сите околности и мотиви за злосторството.
„Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот“, наведуваат од Обвинителството.
Во јавноста веќе се појавија повеќе шпекулации за можната психичка состојба на осомничениот. Дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата, објавија дека тој наводно себеси се сметал за пророк и на блиски лица им наметнувал сопствени убедувања. Овие информации засега не се официјално потврдени од надлежните институции.
Според претходните информации од Министерството за внатрешни работи, трагедијата се случила по семејна расправија во домот. Првичните сознанија се дека 52-годишниот татко, кој наводно бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал сопругата, по што нивниот син интервенирал со нож.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, а осомничениот се наоѓа во притвор до одлуката на судот за мерките што ги бара Обвинителството.
Tagged as:
Обвинителството нареди и психијатриско вештачење за 30-годишникот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
