Background

Македонија го забрзува вооружувањето по НАТО стандарди

Втората пратка на американски оклопни борбени возила „Страјкер“ пристигна во Република Македонија, во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата со современи средства и опрема.

Испораката е дел од договорот со Соединетите Американски Држави за набавка на оклопните возила, кои претставуваат еден од најзначајните проекти за модернизација на македонските одбранбени капацитети. „Страјкерите“ ќе придонесат за зголемување на мобилноста, заштитата и оперативната способност на Армијата, согласно НАТО стандардите.

Пред неколку недели за сработеното во двегодишниот мандат на прес конференција дека денеска ќе пристигне и втората пратка на „Страјкери“ информираше македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски, притоа потенцирајќи дека ќе се заокружи целиот процес на договорот со САД вреден речиси 339 милиони евра.

- Advertisement -
Ad image

Инаку, првата пратка на лесни оклопни возила на тркала STRYKER MK‑B‑UCE беше реализирана во февруари годинава, а е во рамки на договорот склучен помеѓу владите на Македонија и на Соединетите Американски Држави

На неодамнешниот отчет за сработеното за време на двегодишниот мандат министерот за одбрана, Владо Мисајловски информираше дека со САД се потпишани и договори за набавка на лесно пешадиско вооружување, беспилотни системи „Пума“ и „Равен“, опрема за киберзаштита на единиците за Лесната пешадиска баталјонска група, опрема за киберзаштита на Министерството за одбрана, опрема за JTAC за блиска воздухопловна поддршка, радиоуреди, надградба на Симулацискиот центар во Велес…

Потпишан е и договор за системи за противoклопна борба „Џевелин“, чија испорака би требало да почне в година. Министерот за одбрана потсети и дека се стигнати артилериските системи „Боран“ од сојузничка Турција, како и дел од опремата „Мистрал 3“, процес што се очекува да биде завршен до крајот на годината.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation