Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница реплицира на обвинувањата од СДСМ дека со предлогот за Иван Стоилковиќ за министер за локална самоуправа во реконструираната влада „српскиот свет“ во Македонија добива позиција губернатор на 80 македонски општини“.
– Не ви пречеше да трчате на бања да го убедувате и да нудите сѐ и сешто за да гласа за промена на името. Тогаш не ви пречеше Иван Стоилковиќ? Е, оваа влада има поинаков став за сите тие прашања затоа што има карактер и затоа што е навистина горда и достоинствена. Не ви пречеше кога трчавте по Скопје и по Куманово да го молите, да коленичите пред Иван Стоилковиќ да гласа за промена на името? И знам дека ве одби човекот затоа што има карактер, има достоинство. И сега се обидувате, би рекол, во политички деминутив да му се обраќате на него и на владата којашто ја предводам јас – рече Мицкоски.
Стоилковиќ беше изгласан за нов министер за локална самоуправа во реконструираната влада на местото на Златко Перински. Стоилковиќ досега раководеше со министерството за односи меѓу заедниците.
Сите 8 нови министри беа избрани со 69 гласа „за“, без ниту еден воздржан и против.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
