Background

Кој ќе одговара за срамот на „Охридско лето“, платените, а невидливи вработени или партиските полтрони?

Откако јавноста забележа дека билетите за свеченото отворање на 66. издание на „Охридско лето“ содржат целосна забуна околу годината, се наметнува многу поважно прашање од самата печатарска грешка. Како воопшто било можно вработените во манифестацијата, кои цела година примаат плата на државен трошок, да дозволат ваков пропуст да излезе пред очите на домашната и меѓународната јавност?

Станува збор за луѓе кои во меѓусезонскиот период немаат друга обврска освен да го подготват фестивалот до најситен детал, токму за да нема простор за срам во моментот кога рефлекторите се вклучени. Наместо тоа, гледаме уфилмани пиар-лица кои постојано се нудат на медиумскиот пазар, а кога дошло време да се посвети внимание на угледот и реномето на манифестацијата, приоритетите очигледно биле поставени наопаку.

„Охридско лето“ некогаш беше душата и телото на Охрид и на цела Македонија. Настан кој ја носеше земјата на светската културна карта, симбол на квалитет и достоинство. Денес, се повеќе делува како приватна забава на неколкумina, наместо институција од национално значење. Прашањето зошто дошло до овој пад не смее да остане без одговор.

- Advertisement -
Ad image

Дополнителна тежина на целата ситуација дава фактот дека покровител на „Охридско лето“ е претседателот на државата. Токму затоа логично е да се праша, што правел протоколот на претседателот во целиот овој процес, и зошто било дозволено манифестацијата под таков висок патронат да се обрука на овој начин пред странските гости и пред домашната јавност.

Одговорност мора да сноси некој. Не смее да се дозволи ваквите пропусти постојано да поминуваат неказнето, само затоа што на клучните позиции наместо стручен кадар се поставуваат партиски послушници. До кога институции од ваков ранг ќе бидат заложник на политичка распределба на функции, наместо на знаење, искуство и одговорност? Јавноста заслужува конкретен одговор, а не молчење и фрлање на топката.

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation